Рама: Tреба секогаш да бидеме на масата на ЕУ, а не еднаш годишно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Албанија Еди Рама, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, рече дека земјите од Западан Балкан треба да бидат дел од „масата“ на ЕУ, и дека секој кој испорачал во реформите, да стане полноправен член.

„Имате нов „Хелмут Кол“ момент.Големиот лидер на Германија по падот на Берлинскиот ѕид не им рече на Источните Германци: „Сега имате 35 поглавја што треба да ги исполните пред да седнете на масата со нас. Напротив, тој рече: „Сите сме на масата.“ Секако, беа потребни години за процесот да се заврши. Но, поентата е дека треба постојано да бидеме на масата – како денес – а не само еднаш годишно. Секој доаѓа со својот „работен багаж“ и своите обврски, а потоа станува полноправен член. Полноправен член не само во однос на тоа што може да добие од Европа, туку и во однос на тоа што може да ѝ даде на Европа. Во спротивно, тоа е како на децата да им кажете: „Додека не пораснете, останете кај соседите.“ Тогаш едно дете ќе запознае руски гангстер, друго ќе се фасцинира од кинески кукли. А кога ќе пораснат, можеби веќе нема да бидат подготвени да им се вратат на своите родители“, изјави Рама.