Албанскиот премиер Еди Рама на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, рече дека Западен Балкан не треба да остане во „чекалната“ на Европската унија, истакнувајќи дека треба посилна динамика во процесот на европската интеграција.
Рама кажа дека пораките од земјите од Западен Балкан се слушнати и дека е потребна нова динамика во односите на ЕУ.
Кога го прашаа, кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ, одговори:
„Три работи никогаш не може да ги предвидите: Бог, секс и ЕУ“.
