Рамчиловиќ: Опозицијата има програма како не треба; Петрушевска: Вие сте и ќе останете предавникот Зеќир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Преписките“ во парламентот продолжија и после втората пауза која ја даде претседателот на Собранието, Талат Џафери. Една од нив беше меѓу пратеничката Марија Петрушевска, и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

Рамчиловиќ и одговори на Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ која ја критикуваше предложената Влада.

„Оваа Влада ќе трае долго, но јас прашувам уште колку време ќе го лажете вашето членство дека брзо ќе се вратите на власт. Имате програма без визија, и програма како не треба. Не се споменува општината од која доаѓам јас и пратеничката Петрушевска, општината Петровец“, рече Рамчиловиќ.

Марија Петрушевска врати:

„Господине Зеќир, ве нема нешто во општина Петровец. Се снимате сами и постирате. Знаете зошто е така? Поради тоа што сте предавник нашите сограѓани. За какви морални вредности и принципи вие зборувате? Вие сте и ќе останете предавник. А за ваша информација, во Петровец долго време победува ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петрушевска.