Емел Рамковска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 раскажува за мајчинството директно од затвор.
Таа вели дека приказната за тоа каде е таа, на нејзиното дете морале да му ја формулираат и менуваат со тек на времето.
„Ништо што можеш да кажеш на едно дете, не трае 2,5 години. Првото беше пасош изгубен, па потоа на пат сум, но таа приказна не можеш да ја одржуваш толку години“, додаде Рамковска.
