Невремето што вчера го зафати главниот град предизвика штета и на еден од најпознатите историски симболи на Скопје.
Од силниот ветер и обилните врнежи оштетени се и стрелките на стариот часовник на зградата на Музејот на град Скопје – истиот часовник кој со децении го покажува 5:17 часот, како спомен на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
