Емел Рамковска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочува дека од аудио „бомбите“ се слуша како тогашната Влада прави се, само за да ја затвори А1 телевизија.
„Тие фактички прават се, како да ја затворат А1 телевизија. Ние тоа го гледаме од тие разговори. Тие разговараат без пари, гледаат како да не наплатат од нас пари, гледаат како да не наплатат некој долг за којшто тврдат дека го има“, вели Рамковска.
За потсетување, најстарата, приватна телевизија А1 престана да емитува програма на 31 јули 2011 година, а сопственикот и уште неколку негови соработници во исто време беа во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок.
