Рампа за навивачите без билети: Во Катар можат да влезат само оние со билети за натпреварот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со овој потег домаќинот на Мундијалот ги реши потенцијално огромните гужви за време на Мундијалот

Фудбалските фанови и сите останати кои планираат да го посетат Катар за време на Мундијалот нема да можат да го направат тоа без билет за еден од натпреварите на Светското првенство што од 21 ноември до 18 декември се одржува во таа земја.

Домаќините на најголемиот спортски настан годинава како причина за ваквата одлука го наведоа недоволниот број сместувачки капацитети во понудата за гости и навивачи за периодот на Светското првенство.

Ако, на пример, одлучите да патувате во Катар за време на Светското првенство за да ја гледате репрезентацијата, но немате билет и сакате да го купите на лице место – нема да ви биде дозволено.

Вака ќе изгледа во пракса на аеродромот или на другите гранични премини со Катар. Едноставно, кој нема мундијалска карта, а доаѓа од странство, нема да смее да влезе во земјава. Тоа ќе можат да го сторат само навивачите кои имаат билет со откажување на ФИФА, со што ќе можат да останат во некоја од зоните на Мундијалот.

Катар е земја со околу три милиони жители, па сместувачките капацитети се такви што тешко ќе се примат сите оние кои ќе влезат во земјава со карта.

Берхолд Тренкел, главен оперативен директор на владата за туризам, ја објави одлуката во интервју за англиски Сан.

  • Донесена е одлука дека визи ќе добијат само навивачите со билети за натпревари. За влез во Катар ќе им требаат официјални навивачки легитимации, а на оние кои ги немаат нема да им биде дозволено да патуваат. Правилата се строги и постојат со причина – рече Тренкел.

Овој потег не дозволува да се повторат и сцените од финалето на последното ЕП 2020 на Вембли, кога голем број навивачи влегоа во земјата и направија нереди надвор од стадионот, на улиците.