Расфрлан отпад покрај Вардар во Кондово – Општина Сарај: Чистиме, но граѓаните да бидат повнимателни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Се наоѓаме меѓу селото Кондово и селото Љубин, токму покрај реката Вардар. Но, за жал ова убаво место се користи за фрлање отпад, поради што се формираат диви депонии“, истакна репортерот на ТВ21.

Тука се фрла отпад и разен градежен шут…

Наместо за фрлање отпад, ова место би можело да се користи за прошетки и рекреација. Од општина Сарај велат дека ваквата состојба е последица на невниманието на граѓаните.

„ЈКП-Сарај во 2018 година исчисти 700м3 од дивите депонии, а во 2019-та пак – 815м3. Во 2020 година беа исчистени 845м3. Се разбира има и други места што треба да се исчистат, но нас нѐ загрижува фактот што некои од овие места ги чистевме неколкупати, но поради невниманието и негрижата за животната средина од страна на граѓаните се формираат депонии“, велат од јавното Комунално претпријатије – Сарај. 

Диви депонии „никнаа“ и на други локации во селото, како што е на новиот пат кој го поврзува Сарај со селото Рашче. На локалните избори, актуелниот градоначалник на Сарај, вети дека ќе го исчисти целото корито на реката Вардар кое минува низ територија на општината со која раководи тој.