Рашковски овој пат не се извини до небо – Заев ја прифаќа оставката од секретарот за мониторинг и поддршка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За неговите постапки, во 2019 година се извинуваше.

„Значи уште еднаш до небо извинување“

Денеска, без извинувања, но со оставка по едно патување во Мексико, набавка на софтвер и луксузен џип, патент и хациенда од 800 квадрати.

„Кога политиката (политиканството) ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката“, вели Драги Рашковски.

Пред две години премиерот не побара негова оставка.

„Не можете некој да го правите салата некој кога сакате и како сакате како физичко лице“, истакна Зоран Заев.

Но денес, ја прифаќа.

„Ве известуваме дека премиерот Зоран Заев ја прифати оставката на Рашковски“, порача Душко Арсовски.

Рашковски е поранешен генерален секретар, а сега веќе и поранешен секретар за мониторинг и поддршка. Неколку пати во својот мандат ја обвинуваше опозицијата.

„Некој позицијата генерален секретар за друг тип документичиња, а не за заклучоци на Влада и не за активности кои што се во рамките на неговите надлежности кои се пропишани со закон“, истакна Драги Рашковски.

„Тоа не значи дека и секој може да биде боксерска вреќа и кога тоа заслужува или не“, додава Зоран Заев.

А дали заслужувал, ќе треба да покаже Обвинителството и Антикорупциска кои веќе имаат отворено предмети.