„Расизмот убива“ – Протест во Скопје заради убиството на Станислав Томаш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По смртта на Станислав Томаш, Ром од Чешка протести во повеќе земји, а денеска и во Скопје пред чешката амбасада во организација на граѓанското движење Аваја под мотото „Расизмот убива“.

„Денешниот протест го организираме по повод убиството на нашиот брат Ром од Чшка Станислав Томаш кој беше брутално убиен од полицијата, но за жал чешките власти тврдат дека починал од опојни супстанци. За среќа цела Европа имаше можност да види од видеото кое е снимено директно како полицаец му клечи на вратот шест минути, така што тој снемува здив и го губи животот“, истакна Селвија Мустафи.

И пратеничката во македонското собрание Љатифа Шиковска упати порака дека овој протест дражавата треба да се сфати како превенција. Бидејќи и ние, вели таа, имавме случаи на тепање на Роми во Битола и Прилеп.

„Сиот живот го посветив во однос на спречување на насилство, спречување дискриминација, бруталности и вакви случаи за кои низ цела Европа се направија протести по повод загинувањето на момечто кое го видовме сите на социјалните мрежи“, додава Љатифа Шиковска.

Протести по повод убиството на Томаш се одржаа во повеќе земји како Италија, Србија, Романија, Бугарија, Словачка, Косово и со цел подигање на свеста против насилтвото и дискриминацијата на Ромите.