Распишана потерница за Владимир Панчевски, полицијата три пати не го нашла на посочената адреса

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница. Полициските службеници три пати не го нашле Панчевски на адресата која била оставена на решението за приведување, па сега надлежните проверуваат дали тој ја напуштил државава. Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет. Оваа вест пред неколку дена ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење”, од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС”. Судењето за овој предмет за злоупотреба на „АКМИС” системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.