Расте бројот на штрајкувачи, ама и на притисоци – во некои училишта и градинки не се штрајкува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Втор ден од штрајкот на  СОНК, гимназијата „Раде Јовчевски –Корчагин “ е една од ретките што работи, од учениците дознаваме дека настава има. Од СОНК велат дека ова училиште работи, бидејќи немаат членови во Синдикатот“, вели репортерката на ТВ21.

„Да имаме, регуларно е се“.

-Немаше никаков прекин?

„Не. Нема никави прекини сите професри предаваат“.

„Ние за жал денеска имаме настава“.

-Зошто за жал?

„Сите немаат настава само ние Корчагин за жал имаме и не е фер“.

-Тоа значи дека ги поддржувате професорите во барањето за поголема плата?

„Мислам дека заслужуваат поголема плата. Не сите, ама некои да. Не сите заслужуваат“.  

„Градинката „Орце Николов“ во Скопје една од градинките каде воспитно згрижувачкиот процес се одвива непрекинато со оспитувачи кои работат во поваа градинка, бидејќи поголемиот дела од вработените не се членови на синдикатот, но и оние што се членови одлучиле да не ги препуптат децата на други воспитувачи , туку сами да се грижат за нив и во време на штрајк“, истакна репортерката на ТВ21.

На вториот ден од штрајкот на СОНК се зглемува бројот на штрајкувачи, но и притисоците од директорите кон просветните работници и воспитувачите да им се вратат на работните задачи како што велат од СОНК. Наставниците се надеваат на брзо решение на проблемот и подготвени се да ги надополнат изгубените часови. Потенцираат дека за време на пандемијата им се зголемил и обемот на работа.

„Притисоци во однос на тоа што директорите се јавуваат поеднинечно да ги разубедуваат колегите коишто се во штрајк, повикувајќи се од потребата на учениците од нивното присуство. Ние ги почитуваме учениците, но сакаме почит и кон нас“.

„Достоинството пред се, правдата и да се вреднува трудот“.

„Мислам дека брзо ќе се реши договорот, дека брзо ќе бидат решени прашањата“.

„Покрај наставниците што одевме со физичко присуство имавме ученици кои беа онлајн. Тогаш е дупло барање од наставникот да ги исполни своите работни обврски“.

Барањето на СОНК е паралелно со покачувањето на минимланата плата да има скалето покачување и на платите во образованието или з 18, 4 %. Сегашната плата на наставниците е околу 24 000 денари.