Расте бројот на убиени во Газа – здравствениот систем се бори и со пандемијата на ковид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе слабиот здравствен систем на појасот Газа беше на колена нешто пред повеќе од една деценија, за време на четвртата војна меѓу Израел и Хамас.

Денска, болниците повторно се преплавени во тешко повредени и мртви лица по новите бомбардирања.

Многу витални лекови веќе ги нема на малата блокирана крајбрежна теротироја, снемува и електринчна енергија.

Двајца од најистакнатите лекари во Газа, вклучително и заменик-шефот на  оперативните единици за коронавирус беа убени во своите домови по ракетните напади.

Среде напливот на ифекции и единствената лабораторија за тестирање вируси беше уништена.

„Тоа е централната лабораторија позната во целиот појас Газа дека ги врши сите тестови, особено на Ковид, немаме друга лабораторија“, истакна Рами Абдла.

Здравствените власите стравуваат и понатаму од влошување на состојбата. Овие жители останаа без своите домови. Сега се сместени во ова училиште, а за да обезбедат малку приватност на терасите ставаат ќебиња.

„Училиштето е безбедно од нападите, но кога станува збор за корона, со пет семејства во една соба, сите се инфицираат едни со други“, посочи Ал Данаф.

Децата безгрижно играат во дворот, додека родителите ги набљудуваат.

Радиото Ал-Акса управувано од Хамас, соопшти дека еден од нивните репортери е убиен за време на воздушен напад.

„Се тоа е лага, израелците никогаш не предупредуваат за напад. Куќата беше бомбардирана директно. Ние сакаме да бидат уништени сите куќи, не сакаме куќи, сакаме да живееме во шатори и да даде Бог сите да се вратат во нашата земја. Ние никогаш нема да ја напуштиме оваа земја. Мојот син никогаш не носеше оружје и не сторил ништо. Беше новинар и работеше во радиостаница“, порача Мохамад Абу Хусин.

Новите немири започнаа на 10-ти мај, кога Хамас истрела ракети со долг дострел кон Ерусалим за поддршка на палестинските протести против силното израелско полициски обезбедување во џамијата Ал-Акса, место каде што Евреите и муслиманите наоѓаа место за молитва.