Расте бројот на загинати во уривањето на мостот во Бразил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 10 лица се водат како исчезнати, а најголем страв е контаминација на водата со отровни материи.

Мостот попуштил во раните попладневни часови и бил целосно затворен, а се урнал откако дел од структурата паднал на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот Метрополис.

Властите стравуваат од контаминација на водата со отровни материи по уривањето на мостот, откако неколку камиони со илјадници литри пестициди и сулфурна киселина паднаа во реката, јавува денеска Би-би-си.

Сцените се катастрофални, а снимен е и моментот на несреќата. Осум возила паднале во реката, од кои три камиони со хемиски средства.

Не е јасно дали и колку од хемикалиите истекле, но на луѓето во блиските градови Естреито и Агиарнополис им било кажано да избегнуваат да земаат вода од реката.

Спасувачките операции се изведуваат од чамци. Пронајдени се четири тела, меѓу кои возачот на еден од камионите и 11-годишно девојче. Еден човек е извлечен жив од водата.

Мостот Јушчелино Кубишчек, долг повеќе од половина километар, е изграден во 1960-тите и ја претставува главната транспортна врска помеѓу двете сојузни држави на Бразил преку реката Токантинс.