Расте бројот на жртви во инцидентот во Манхајм, полицијата истражува дали е случаен или намерен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на загинати во германскиот град Манхајм порасна на две лица, откако автомобил се злета во толпа на луѓе во центарот на градот.

Првичните извештаи говореа за еден загинат, но сега уште едно лице и подлегнало на повредите.

Автомобилот возел со голема брзина, пред да утри во толпата и да усмрти две лица. Според „Билд“ неколку лица се во критична состојба по повреди здобиени од овој инцидент. Повредени биле околу 25 лица.

Центарот на градот е блокиран од страна на полицијата.

Полицијата истражува дали станува збор за несреќен случај или намерен напад.