Новиот генерален секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во своето прво интервју по назначувањето на прашањето кои ќе бидат неговите клучни приоритети и кој ќе биде неговиот фокус, тој вели „главниот фокус ќе биде ставен на консолидација на партијата, посета на општинските организации, разговори со членството“.
-Веднаш денес започнавме со работа, започнавме сабајле со кординација и со одредени активности коишто ќе следат во идниот период. Главниот фокус ќе го ставиме на консолидација на партијата, посета на општинските организации, разговори со членството. Имаме увидено одреден број на работи коишто во минатото на СДСМ им се забележувале во односот према членството, во изборот на кадрите, во сите тие организациони структури, така да планираме, планот е направен и претседателот Венко Филипче вчера нагласи планот веќе го имаме направено по кординации денес, веќе од утре ќе излеземе на терен и ќе ја покажеме новата енергија и новата визија на СДСМ, вели новиот генерален секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
Разговорот со генералниот секретар на СДСМ го водеше Лука Андреев.