Array

Разрешени двајца министри, нема реконструкција одлучуваат нивните партии, вели Заев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министрите Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски се разрешени од нивните позиции. На нивно место се назначени Елвин Хасан и Музафер Бајрам. Премиерот Заев вели дека ова нема врска со реконструкцијата на владата, бидејќи, како што вели, одлуката за нивно разрешување е донесена на предлог на лидерите на нивните политички партии, односно Енес Ибрахим и Самка Ибраимовски.

Лидерот на Партијата за еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, рече дека е незадоволен од работата на министерот Аксел Ахмедовски. Според него, тој не ги реализирал проектите кои ги ветила партијата.

Премиерот Заев пред неколку дена зборуваше за работата на министрите, велејќи дека не може еден ден да доаѓа, друг ден да не доаѓа на работа, алудирајќи на вицепремиерот Хазби Лика. Но, на прашањето за ова, Артан Груби во Клик Плус, одговори дека Лика ја врши работата како што треба и дека ниту еден министер кој доаѓа од нивната партија нема да биде разрешен без претходна консултација со коалиционите партнери.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ