Иако зборуваат на македонски јазик, во струшкото село Подгорци жителите велат дека се Албанци, затоа бараат училиште на албански јазик. Жителите неколку пати побараа албанска паралелка, но барањата не наидоа на слух. На ова реагираше и Алијанса за Албанците во Струга.
„АА оценува дека целиот процес на отворање на паралелка на албански јазик во Подгорци со или без намера од страна на градоначалникот на општина Струга се развива со погрешни чекори и тоа на крајот директно ќе влијае на степенот на успешност на образованието во тоа училиште, статутот на ова училиште остана непроменет и бидејќи не е одобрен од училишниот совет, промената на статутот би овозможил отворање на паралелка со настава на албански јазик“, вели Љуљзим Насуфи.
Од АА велат дека градоначалникот на општина Струга повеќе од 6 пати именувал ист директор во училиштето во Подгорци, кој според нив не дава согласност за настава на албански јазик.
„Директорката на функцијата в.д. додека директорот на училиштето во селото Подгорци е избрна на 6 пати спротивно на законот и никогаш нема дадено позитивно мислење за ваквата идеја, а градоначалникот Мерко и понатаму останува на таа позиција, кршејќи ги сите законски норми“, додава Љуљзим Насуфи.
Од таа причина, се обидовме да го контактираме градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, но тој не можеше да одговори за проблемите со кои се соочуваат стружани и жителите на околните села.
ТВ21 побара став и од претседателот на месната заедница на село Подгорци, Адем Ајдароски, кој е воедно и советник во општина Струга од редовите на ДУИ, но не добивме никаков одговор.
