Реакции на Рама и Мета: Да се намалат тензиите, да продолжи дијалогот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во врска со ситуацијата во Јариње и Брњак по одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да воспостави реципроцитет за регистарските таблички со Србија, преку Фејсбук статус реагираше албанскиот претседател Илир Мета.

Зачувувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Република Косово е клучен фактор за консолидација на мирот, безбедноста, стабилноста и добрососедството во регионот и основа за градење стабилни односи со Србија, напиша Мета.

Во исто време тој апелира до страните да ги намалат тензиите и да го продолжат дијалогот.

Претходно, реагираше и албанскиот премиер Еди Рама наведувајќи дека Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува.