Реакции по предлогот за зголемување на платите за 10%, опозицијата го нарекува срамен предлог, владата политички штрајк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата и владејачките партии не го поздравија одбивањето на СОНК да ги зголеми платите за 2.500 денари или 10%. Реагираше премиерот Димитар Ковачевски, кој го смета за неразумен ставот на СОНК, кој според него е уцена на штета на образованието на учениците.

„Владата прави сѐ што треба за да го одржи дијалогот и да најде заеднички јазик, но барањата и односот на СОНК се целосно неприфатливи. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено СОНК и раководството се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование“, вели Ковачевски.

ДУИ смета дека СОНК со одбивањето на понудата од Владата ги става личните интереси над интересите на учениците додека штетата оди на сметката на наставниците и учениците токму во пресрет на завршувањето на процесот на учење, правото на образование на секое дете е загарантирано и со Уставот.


Од друга страна, опозицијата го нарече срамен предлогот на Владата за зголемување на платите за 10%.

Според мене е апсурдно и лицемерно од страна на Владата која сега изигрува жртва на СОНК од каде не прифатија покачување за 2500 денари, во меѓувреме Владата во време кога е покачена минималната плата, го одби едногласно и бескрупулозно предлогот на АА кој предвидува линеарно покачување на платите, и на наставниците и на администрацијата и на сите“, рече Села од АА.


Инаку, штрајкот продолжува, бидејќи СОНК не го прифати предлогот на Владата за зголемување на платите за 10 отсто за прекин на штрајкот кој започна на 11 април.

За СОНК зголемувањето на платите од 10% во детската заштита, основното и средното образование воопшто не соодветствува со висината на покачувањето на минималната плата годинава и не е соодветен поттик за враќање на достоинството на професијата. СОНК бара зголемување на платите за 18,4 отсто и нивно усогласување со минималната плата.