Откако Килијан Мбапе го постигна вториот гол во финалето на Светското првенство во Катар вчера, францускиот претседател Емануел Макрон не можеше да ја задржи радоста, а снимката од неговата реакција брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Кога Мбапе постигна гол, камерите се фокусираа на трибините каде што седеше Макрон. По голот францускиот претседател среќно скокна и замавна со тупаница во воздух, што насмеа многумина.
„Бев среќен за Аргентина додека не го видов Макрон како слави“, се пошегува еден коментатор.
„Ќе ми треба гиф од прославата на голот на Макрон за да твитам во следните 6-12 месеци“, додаде друг.
President 🇫🇷 Macron celebrations goal Mbappe pic.twitter.com/qUF098B0lK
— Flamur Sinani (@Sinani7Flamur) December 18, 2022
