Манчестер Сити е прогласен за најдобар клуб за минатата сезона на доделувањето на Златната топка.
На тоа рангирање второто место го зазеде Ливерпул, а третото Реал Мадрид, освојувачот на Лигата на шампионите, кој на патот до трофејот ги победи двата клуба пред себе, Ливерпул во финалето (1:0), а Манчестер Сити во полуфиналето (3:4, 3:1).

Токму тој факт во шпанскиот клуб го искористија во коментарот за нивното трето место.
Навивачите на Реал Мадрид го критикуваа овој аранжман на Твитер, а поттик за критики беше објавата која Реал ја објави на социјалните мрежи.
Шпанскиот гигант го објави без ниту еден збор, само со емоџи на очи гледање, но и со скриншот од моментот во кој Реал слави победа од 3:1 за пласман во финалето на Лигата на шампионите.
