Реал Мадрид го продолжи договорот со Винисиус, го ангажираше и Јан Диоманде во најскапиот трансфер во историјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден заврши два големи потписи. Прво го ангажираше најскапото засилување во историјата на клубот Јан Диоманде, а потоа потпиша нов договор со еден од најдобрите играчи на клубот, Винисиус Жуниор.

„Кралевите“ го ангажираа играчот на Брегот на Слоновата Коска Диоманде од Лајпциг за сума од околу 140 милиони евра, цифра која ја надмина онаа на Џуд Белингем од 134 милиони евра.

Неколку часа подоцна Реал ја заврши и сагата околу Винисиус Жуниор. Бразилското крило потпиша нов договор со „кралевите“ до 2032 година. Тој беше главна тема во преодниот рок, и неговото останување, односно заминување од Реал и потпис со Арсенал. На крајот двете страни се договорија и Вини и натаму останува дел од Реал.

Претходно Реал Мадрид ги ангажираше Бернардо Силва, Марк Кукуреља, Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.