Реал Мадрид по 15-ти пат шампион на Европа, Борусија Дортмунд загуби уште еден трофеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реал Мадрид е новиот европски шампион, откако синоќа во финалето ја совлада екипата на Борусија Дортмунд со 2-0. „Кралевите“ во финишот од мечот го скршија отпорот на противникот, кој по првиот дел можеше да води, откако пропушти неколку добри шанси.

„Кралевите“ поведоа со 1-0 во 75. минута откако Карвахал со глава го совлада Кобел и така донесе предност за Реал. Борусија Дортмунд делуваше загубено после тој гол, па Винициус во 83. минута по катастрофалната грешка на Матсен, успеа да донесе 2-0.

За Реал ова беше 15-та титула во Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд, пак, за само една година губи уште еден пехар. Лани во неверојатна завршница во Германија остана без трофејот од Бундеслигата, откако во последното коло им требаше само победа над Мајнц на домашен терен, а тие одиграа нерешено.