Ребалансот на буџетот за 2021 е во второ читање во Собранието. Здравјето на граѓаните, здравата економија, како и здрави финансии и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа годин, изјави Министерот за финансии Фатмир Бесими.
Во таа насока, како што вели тој, е и ребалансот на Буџетот за 2021 година во кој има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението.
