Скендер Реџепи – Зејди од Алтернатива во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ја коментираше и фотографијата што во петокот вечерта ја објави лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Зејди за ClickPlus изјави дека Африм Гаши, претседателот на Алтернатива на таа фотографија, бил донесен пред свршен чин.
„Група луѓе поставија фотографија на која е присутен и мојот претседател (Африм Гаши, претседател на Алтернатива), кој верувам дека е повеќе на таа позиција, бидејќи го доведоа пред свршен чин, но сепак тоа е негов став“, рече Скендер Реџепи.
Да потсетиме дека преку фотографијата во петокот вечерта беше објавено новото парламентарно мнозинство.
