Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи продолжува со своите скандалозни изјави и во времето на пандемијата со коронавирусот. Тој вчера на дебатна емисија ги предупредил вицепремиерот Бујар Османи и Владата дека ако ИВЗ не добие помош од државата, тие ќе го повлечат повикот за заштита од пандемијата на коронавирус, пишува „Журнал“.
„Ќе ги потсетам со уште едно барање, бидејќи ако не дај боже ние ја повлечеме нашата одлука, нема сила што ќе може да се бори со епидемијата, ви гарантирам“, кажа Реџепи.
Реџепи вели дека државата досега не обезбедила никаква финансиска помош за религиозните заедници, иако, како што кажа тој, и тие се погодени од пандемијата на коронавирус.
