Регионалниот пат Демир Хисар–Кичево во лоша состојба – жителите бараат Владата да изврши реконструкција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево беше поставена блокада од страна на жителите од демирхисарските села кои излегоа на протест, пишува Телма телевизија.

Од телевизијата додаваат дека жителите два часа го блокираа патот со земјоделска механизација и автомобили.

Граѓаните бараат Владата да ја реконструира оваа делница бидејќи е во исклучително лоша состојба.

Тие велат дека овој пат е изграден некаде околу 1973 година и дека досега не е извршена реконструкција. Како што велат, илузорно е во 21 век да се зборува за вакви проблеми.

На протестот со поддршка се приклучи и градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски кој откри дека до сега не остварил контакт со надлежните министерства за овој проблем.

Жителите се закануваат дека, доколку не се одговори на нивното барање, ќе ги радикализираат протестите.