Земјотрес ја погоди утрово централна Хрватска, во близина на градот Сисак, според податоците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според првичните податоци на EMSC, земјотресот со јачина од 4,1 степени се случил во 09:51 часот по локално време, објави HRT.
Епицентарот бил 56 километри југоисточно од Загреб и 10 километри јужно од Сисак, на длабочина од 9 километри. Граѓани пријавиле во EMSC дека потресот бил почувствуван на повеќе локации.
Ова е уште еден во серијата земјотреси регистрирани во Хрватска, по потресите што беа почувствувани пред два дена во Далмација.
Сеизмолошката служба при Одделот за геофизика на Хрватската академија на науки и уметности во Загреб соопшти дека во понеделник во 17:25 часот е регистриран умерено силен земјотрес со епицентар во близина на Свилаја, 15 километри северозападно од Сињ.
