Регистриран силен земјотрес во Турција, почувствуван во Истанбул и Бурса

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 13:57 часот по локално време во градот Гемлик во близина на Бурса. Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул.

Земјотресот бил на длабочина од 12,91 километри, во Гемлик кој се наоѓа на брегот на Мраморното море.

Засега нема информации за материјални штети. Вчера во истата област бил регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени.