Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот
На ден 19.09.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола е 1 пожар, а изгаснати се 3 пожари.
Активни: 5
Општина Кривогаштани: с. Крушеани – ниска вегетација.
Општина Кривогаштани: с. Подвис – с. Кривогаштани – ниска вегетација.
Општина Ново Село: с. Ново Село – депонија.
Општина Струмица: с. Добрејци – стрниште и ѓубре.
Општина Прилеп: с. Клепач – ниска вегетација.
Под контрола: 1
Општини Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (општина Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.
Изгаснати: 3
Општина Куманово: с. Пчиња – ѓубре и ниска вегетација.
Општина Битола: кај црквата „Света Недела“ – ѓубре.
Општина Ресен: с. Евла – ѓубре.
