Регулаторна влијае со 32% на цената на струјата – Бислимовски: Наш е предлогот за намалување на ДДВ-то

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Предлогот за намалување на ДДВ-то на струјата од 18 на 5 проценти за да се олесни претстојниот ценовниот шок од најавеното зголемување на електричната енергија, од Регулаторна велат дека од поддамна тоа бил нивен предлог и идеја.

Првиот човек на регулаторна вели дека тоа бил нивен предлог, но сепак државата поради ова ќе претрпи огромни загуби.

„Државата на годишно ниво намалувањето од 18% на 5% би ја чинело од 27 милиони евра до 28 милиони евра или толку би изгубила. Сепак, ова беше наш предлог“, истакна Марко Бислимовски.

Како идеја оваа мерка ја промовира ВМРО-ДПМНЕ.

“Ние како политичка партија, тоа го најави и претседателот на партијата Мицкоски и ние како пратеници на таа политичка партија во Собранието имаме намера да предложиме намалување на износот на ДДВ за струјата, што би значело олеснување на граѓаните и компаниите односно уште еден начин да се апсорбира овој шок, кој што за жал нашата влада немаше капацитет и дел од јавните претпријатија кои што имаат надлежностите во оваа област немаат капацитет да го апсорбираат на време“, посочи Тимчо Муцунски. 

Претседателот на регулаторна Бислимовски информира дека компаниите ги доставиле предлозите за зголемување на цената за трошоци, амортизација, профит, набавка на загуба на електрична енергија и пренесени трошоци и тоа:

Останува РКЕ да ги разгледа барањата и до крајот на јуни да одлучи дали ќе има поскапување на цената на струјата. Но со оглед  на тоа дека Регулаторна влијае само 38 %, а не влијае 62 % останува дека се поизвесно е цената на струјата да се покачи за најмалку пет отсто, а покачувањето ќе важи од први август.  Конечната одлука, според Бислимовски ќе зависи од цената што ЕСМ ќе ја понуди на следниот тендер што ќе се одржи во втората половина од јуни.

Како за споредба Северна Македонија со 4, 81 денар има најниска цена на струјата во регионот после Косово 3,7 денари и Србија 4, 7 .

Последната одлука за цената на струјата беше донесена лани кога електричната енергија се покачи за 7.4 отсто.