Реката Пена и натаму неисчистена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реката Пена и натаму е неисчистена ,продолжуваат недоразбирањата , Од општина Тетово го обвинија претпријатието Македонски шуми дека не им дозволува да ја работат својата работа. Од претпријатието со појаснување дека општина Тетово не побарала ниту дозвола.

Велат дека законот е јасен и дека тие биле толерантни кон општина Тетово. Продолжуваат споровите меѓу двете институции. Од општина Тетово се жалат дека ЈП „Македонски шуми“ се уште не дозволува да се чисти коритото на реката Пена, со образложение дека немаат дозвола за транспорт на дрва.

Директорот на ЈКП Тетово Самет Бислими прашува кој ќе одговара ако имаме поплави!?Но, заменик-директорот на македонски шуми, Сафет Мифтари, вели дека општина Тетово мора да побара дозвола, бидејќи дрвјата се во државна сопственост.

Мифтари побара од ЈКП „Тетово“ да се обрати до Македонски Шуми со барање и да означи кои дрвја ќе треба да се исечат.