Реконструирана улицата „Никола Карев“ – Кога ќе дојде редот на „Македонско косовската бригада“?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реконструкцијата на булеварот „Никола Карев“ ја извади на виделина лошата состојба на споредните улици. Станува збор за „Македонско косовската бригада“ која освен што е тесна, патот е многу уништен. Нема сообраќајни знаци, кои би покажувале дека преку ова улица може да се приклучите во булеварот која има четири ленти.

ТВ21: Дали треба да се прошири?

„Итно треба да се прошири и асфалтира. Нема ниту канализација“, истакна жител.

Но, проширувањето на овој пат ќе претставува проблем за жителите кои живеат околу патот. Тие велат дека доколку има потреба патот да се прошири, прво ќе треба да им се обезбеди место за живеење.

„Ако може нека не преместат на друго место. Доколку го прошируваат патот, нека не сместат некаде. Ние живееме во таа улица, да не даде Господ да ни прегазат некое дете, што ќе направиме потоа! Животот ќе ни биде за никаде“, вели жител.

Прашавме во Град Скопје дали планираат реконструкција на ова улица? Градоначалникот, Петре Шилегов, рече дека на тоа треба да одговори општина Чаир!

Од општина Чаир, ни одговорија со ветување. Рекоа дека имаат план за асфалтирање и проширување на оваа улица и ветија дека градежните работи ќе почнат годинава.

„Како прво треба да се направи проширување и реконструирање на булеварите кои се на територијата на општина Чаир, меѓу нив е и „Македонско Косовската бригада“ која многу наскоро ќе се реконструира. Односно во текот на годинава се очекува да започне работната постапка за целосно проширување и асфалтирање на овој булевар“, истакна Куштрим Ала.

Ова улица се смета како една од најфреквентните поради тоа што  го поврзува булеварот „Македонска бригада“ и булеварот „Никола Карев“  а преку истата поминува  и линија од јавниот транспорт. Асфалтирањето на ова улица беше дел од „Договорот“ на градоначалникот, Висар Ганиу.