Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервју во „ClickPlus” на ТВ21, зборуваше за шпекулациите за реконструкција на Влада. Според него, тоа нема да се случи.
„Не, ќе нема реконструкција на влада“, одговори Ахмети.
Тој потоа коментираше и за довербата во судството. Ахмети кажа дека верува во судството, но дека има уште многу работа.
ТВ21: Дали верувате во судството?
Ахмети: Верувам!
ТВ21: Но, вие пет пати кажавте во интервју дека потребни се реформи во правосудството!
Ахмети: Сепак потребно е уште работа во правосудството.
