Рекордни над 46,4 милиони евра од патарина – приходи има, но дали и безбедни патишта?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта во минатата година. Тоа е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019-та пред пандемијата, а за 12,1 милиони евра повеќе во однос на 2020 година и покрај затворени гранични премини до втората половина на мај.

Приходи на Јавно претпријатие за државни патишта:

  • 2019 година вкупно остварен приход од 2.681.866.666 (или 43,6 милиони евра) 2020 година остварениот приход изнесуваше 2.092.9818.055 денари (или 34.029.562 евра)
  • 2021 година вкупно оставарен приход 2.853.668.980 денари (или над 46,4милиони евра).

„Имаме значително зголемување на приходите како претпријатие за државни патишта: од патарините, од регистрација на коли 2, 1 милијарди денари и 20% од акцизата на нафта и нафтени деривати 4, 5 милијарди денари, а тоа е вкупно околу 10 милијарди денари“, истакна Ејуп Рустеми.

Од овие приходи 50 % се за наплата на кредити, 1,9 милијарди денари се префрлаат на Македонија пат за одржување на регионални и магистрални патишта и остануваат 3,1 милијарди денари за останати трошици и инвестиции.

„На кој начин се одржуваат било тоа да се автопатишта или регионални патишта или магистрални одговорно е и друго државно јавно претпријатие, а тоа е Макеоднија пат. Секоја година иамме посебна програма со Македонија пат и таа е одговорна за одржување на патишата. Секако дека сите ние, па и јас не сме 100% задоволни од сите патишта што ги имаме, но имаме визија и очекуваме овие патишта годинава подобро да се одржуваат  за поголема безбедност на граѓните“, додаде Ејуп Рустеми.

На прашањето Што прави Макеонија пат за поголема безбедност на патиштата, не добивме одговор, бидејќи директор не го добивме на телефон. Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10.

„Новите патарини на автопатот Миладиновци -Штип се очекува во април годинава да бидат пуштени во употреба. Секао дека имаме проект и за коридорот 8 што значи ќе имаме иста услуга за електронска наплата на патерините“, вели Ејуп Рустеми.

Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, ставање во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип, како и електронски систем на наплата на постојните патарини на Коридор 8.