Фросина Ременски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека поднела кривична пријава против обвинителката Гордана Смаќоска, која ја отфрли кривичната пријава за аферата со опрема за Факултетот за безбедност во 2012 година.
Ременски вели дека и покрај одбивањето на кривичната пријава, нема да застане тука, и дека поднела кривична пријава против Смаќоска ќе биде пример за ветинг во Јавното обвинителство.
„Но тоа не значи дека јас застанав со ова, од следната причина. Тврдам дека овој предмет и оваа кривична пријава ќе биде првиот пример за ветинг на Јавното обвинителство. Ова го тврдам имајќи во предвид дека сето она што сум го направила до сега, и во однос на кирвичната пријава до обвинителката Смаќоска, после сите изодени чекори, и поради фактот што самата апсурдност на предметот“, рече Ременски која додаде дека ова е срам за јавното обвинителство и дека за овој случај се запознаени и обвинителката Русковска и меѓународни институции.
