Второобвинетата во случајот „Меѓународен Сојуз“, Фросина Ременски истакна дека ќе докаже невиност во овој случај, и побара обвинителката Вилма Рускоска да биде изземена од случајот.
„Од воведниот збор од ЈО, повеќе мислам дека медиумите и јавноста зборуваат и толкуваат онака како што беше презентирано. Обвинителката буквално ме прозва во една реченица дека со својот углед и авторитет сум го поддржал Јовановски за проектот. Очекував многу повеќе од описот на наводно помагање, тоа го нема.
Ќе имаме шанса и прилика да покажеме дека сето тоа што беше наведено во таа една реченица како обвинување, е комплетно неосновано и неможно да се докаже, имајќи во предвид дека ниту едно дејствие кое сум го имала, не се кривични дела.
Обвинителството реши да не земе во предвид докази и аргументи, а сметам дека ќе биде подобро јавната обвинителка да се изземе од предметот, имајќи во предвид дека имаме силни аргументи дека има сериозна намера во обвиниението поврзано со мене“, рече Ременски кои најпрво не одговори на прашањето дали имала средби со Мицевски и Азмоски коментирајќи дека „не одговора на нарачани прашања од Јавното обвинителство“.
Сепак, потоа одговори дали имала средба со нив.
„Двајцата се поддржувачи на мојата политичка партија од која што сум дел, и средбите со нив биле на друго ниво, а не во врска со оваа организација“, рече Ременски.
