Ременски одговара дали ќе се врати на некоја јавна или политичка функција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фросина Ременски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 на прашање дали ќе се врати на некоја јавна или политичка функција, смета дека таа не ја разбира така политиката.

Ременски беше потпретседател на Собранието, а рече дека и натаму е дел од Извршниот и Централниот комитет на СДСМ.

„Јас не сум заминала од политиката. Но јас политиката не ја разбирам да си носител на партиска функција или на јавна функција. Во мојата кариера доволно сум потврдена и докажана како креатор на политики, а не како извршител. Мојот придонес ќе го дадам, дали преку сугестии или преку конкретни предлози, тоа и денеска го правам, со блага критика“, рече Ременски.

„И натаму сум активна на сите седници на партијата, и на Централниот и Извршниот комитет“, рече Ременски.