Ременски открива што пишува во образложението на одбиената тужба, „Ова е политички договор“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фросина Ременски, екс продекан на Факултетот за безбедност во „Клик Плус“ објаснува што сто во образложението на кривичната пријава која ја поднесе за опремата за Факултетот, која никој не ја видел во 2012 година.

Што стои во образложението за отрфлање на тужбата?

„Наведена е некаква администрација, што правела обвинителката, колку известувања пратила, каков бил сложен предметот, како наидувала на опструкција од институциите, како немале тендерска документација. И сега тоа треба да биде дополнителен поттик да се бара, а не да се отфрла кривична пријава“, рече Ременски, која се сомнева дека ова е политички договор.

„Јас мислам дека оваа кривична пријава, најодговорно, е предмет на политички договор. Ова го аргументирам со тоа што лицата коишто се допрени со оваа кривична пријава, биле премногу високо во хиерархијата на тогашната, некои уживаат симпатии на некакви реформаторски сили во ВМРО-ДПМНМЕ, па се поддржани индиректно од мојата партија, и тоа е некаков премолчен договор за нечепкање на ова“, вели Ременски.