По денешното рочиште за предметот „Меѓународен сојуз“, Фросина Ременски во изјава за медиумите истакна дека поддршката на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и за тоа обвинителството ниту има, а ниту пак ќе понуди докази.
„Во целокупната наша аргументација, фактите и правните прашања што ќе ги аргументираме во текот на постапката ќе негираме и ќе докажуваме дека нема кривично дело, коешто од страна на Јавното обвинителство ми се става на товар, а тоа е помагањето во измамата. Имајќи во предвид фактот дека, како што и сами слушнавте, од воведните зборови на скоро сите обвинети во овој случај се доведува во прашање и постоењето на кривично дело за кое денеска се одвива судење по него, но ние секако ќе ги истакнеме сите докази коишто одат во прилог на нашата теза, на одбраната, а тоа е дека самата поддршка на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и за тоа обвинителството ниту има, ниту пак ќе понуди докази“, посочи Ременски.
