Реобновена авионската линија Скопје-Софија, новинарите во „Аут“, место за владините Тик-ток сниматели

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дискредитирани и на стотици метри оставени новинари и сниматели на аеродромската писта по повод првиот лет од Софија до Скопје. Од здружението на новинари велат дека ваквиот третман е неприфатлив.

„Потребно е да се сфати дека тие се таму на задача со цел да известуваат во име на јавноста и дека организаторите на настанот треба да обезбедат соодветни услови за работа. Од друга страна владините сниматели и службеници за медиуми не смеат да имаат привилигиран статус, бидејќи на тој начин стануваат конкуренција на медиумите“, велат од Здружение на новинари.

Во знак на револт, камерите и фотоапаратите пред почетокот на прес конференцијата завршја пред Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Бараме да ни овозможите исти услови за работа како вашите фоторепортери и сниматели. Ако сакате да изгледате убаво, ако сакате само тие да ве снимаат, а ние не, не праќајте покани, ама да знаеме дека во оваа држава не постојат медиуми, си имате вие ваши ПР центар и продолжете,“ рече новинарот Фуркан Салиу.

„За било каков ненамерен пропуст кој што се случил при оваа денешна средба помеѓу нас и колегите од Бугарија, сакам да се извинам. И токму поради тоа, бидејќи ова е прв лет кој што пристигна од Софија до Скопје, ние рековме дека ги отвораме вратите и ве уверувам дека ќе има уште многу можности и летови каде што сите вакви пропусти кои се случиле ќе ги поправиме и како Влади и како институции во било како аспект да се случиле,“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Новинарите не беа поканети ниту на денешната средба со тур операторите која се одржа во Клубот на пратеници.

Инаку денеска беа потпишани неколку меморандуми меѓу Софија и Скопје, создавајќи можности за бизниси. Авионската линија ќе биде отворена на 27-ми март.