Реорганизација на државните институции од 2024 – ќе се разрешуваат директори, а неколку агенции ќе бидат затворени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реорганизацијата на министерските систематизации ќе затвори неколку агенции, всушност неколку институции ќе згаснат, а други ќе се формираат. Ова не подрзабира намалување на бројот на вработени, туку само на директори кои раководеле со одредени управи кои ќе се претопат во други институции, а вработените само ќе бидат преместени. Вака изјави Адмирим Халити, министер за информатичко општество и администрација кое е лидер на проектот за реорганизација.

Сега е пилот фазата за постапката за реорганизација и започна во три министерства, во Министерството за администрација, Економија и Земјоделство. За предизвиците од имплементацијата на овој процес, зборуваше евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Овој процес е сложен, претставува политички предизвик. Јас самиот доаѓам од една институција и знам кога се предлагаат промени, има по 1000 образложенија зошто не треба да се менуваат нештата и 1000 одбивања. Ова бара ангажман и вклученост на сите институции кои се поврзани со процесот. Истите треба да бидат дел од дебатата, ова е важно бидејќи нема закон основан од ЕУ во врска со уставната структура ниту постои единствен модел меѓу земјите членки на ЕУ, така што има низа можности за решавање“, вели Дејвид Гир.

Првиот вицепремиер Артан Груби рече дека по завршување на пилот процесот, владата ќе се ангажира од јануари 2024 ефективно  да започне процесот на реорганизација. Тој апелираше до тогаш за целосна поддршка од сите политички актери.

„Реформи, процесот на реорганизација е потег кој е цел и одговорност на владата. Едногласно е усвоен во влада со поддршка од сите учесници. Тоа е процес кој ја вклучува и опозицијата во делот на консултации и бара поддршка од двотретинско мнозинство во Собранието на РСМ за реализација“, посочи Артан Груби.

Со овој проект ќе се избегне праксата на формирање независни институции на незаконски начин, како што се формираа институции и агенции со посебни закони, така што сето ова ќе се опфати со еден закон и ќе се формира нова работна структура за јавната администрација, со ова истата ќе биде поекономична, поодговорна, потранспарентна и поефикасна пред граѓаните, рече раководителката на проектот Слаѓана Тасева.

Проектот се имплементира во рамки на ИПА проектот и со финансиска поддршка од делегацијата на ЕУ.