Републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом во Конгресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Републиканската партија го освои мнозинството и во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, бидејќи обезбеди 218 мандати, објави телевизијата Си-Би-Ес.

Соодносот во Долниот дом во моментов е 218-208 за републиканците, а гласовите се уште се бројат во девет изборни места. Се очекува републиканците да имаат меѓу 220 и 222 мандати, јавува Би-Би-Си.

Сега е извесно дека изборите завршија со апсолутна победа на Републиканската партија, бидејќи Доналд Трамп се врати во Белата куќа, го освои мнозинството во Сенатот, кое досега го имаше Демократската партија и го задржа мнозинството во Претставничкиот дом.

Ваквиот исход од изборите ќе му овозможи на Трамп без поголеми проблеми да ги помине сите клучни делови од својата законодавна програма, што Бајден често не можеше да го направи, поради фактот што републиканците го контролираа Претставничкиот дом.