Поради зголемен број на коронавирус случаи во Ресен, одржан е итен состанок на Кризниот штаб, по што се очекува зголемување на бројот на заболени, со оглед дека се земени многу тестови.
Исто така затворени се најголемите индустриски капацитети во градот.
„Како резултат на зголемениот број на заболени од Ковид-19, денеска се одржа итен состанок на Кризниот штаб на Општина Ресен.
На состанокот, Центарот за јавно здравје- Битола, информираше дека во Општина Ресен има вкупно 19 заболени од Ковид-19 од кои 10 се асимптоматски и се во домашна изолација, 8 лица се хоспитализирани во стабилна состојба а едно лице е починало.
Според епидемиолошките истражувања, 90 лица се ставени под здравствена изолација,
Во текот на денешниот како и утрешниот ден , очекувам бројот на заболени да се зголеми , како резултат на земените тестови по што ќе следува стабилизирање на состојбата.
По направените разговори со претставници на најголемите индустриски капацитети во Преспа, Свислајон-Агроплод , Хатекс и Стењетекс , договорено е погоните во овој период да бидат затворени, со што максимално би се намалиле контактите, групирањето и движењето на луѓето.
Уште еднаш упатувам апел сите жители на општината да се придржуваат до мерките, да нема групирање, да се носат маски и да се држи растојание од најмалку две метри.“, напиша на својот профил на „Фејсбук“, Живко Гошаревски.
