Грција дава до 10.000 евра на семејствата кои сакаат да се населат во пограничните подрачја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчката држава ќе обезбеди финансиска помош до 10.000 евра за семејствата кои ќе одлучат да се преселат во пограничните подрачја, пренесуваат денеска грчките медиуми.

Посебна платформа за поднесување барања за преселување ќе започне со работа во октомври, пренесува порталот „Capital.gr“.

Платформата е дел од сеопфатна иницијатива за обезбедување поттик за демографски развој и поддршка на пограничните подрачја.