Решавање на работни спорови по мирен пат – „во неисплатени плати треба да се сметаат К-15 и бонуси“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Законот за решавање на работни спорови по мирен пат  е донесен во 2007-ма година, но граѓаните не го практикуваат- вели адвокатката Мимоза Салтирова.

Токму затоа денеска се одржа и нацонална конференција со цел јавноста подетално да се запознае со бенефитите од мирното решавање на спорови што првично подразбира избегнување на судски трошоци.

Најголемиот број спорови се индивидуални кога работниците се одлучуваат на судска постапка заради неисплатени плати и откази.

Салтирова вели дека се залагаат дискриминацијата и вознемирувањето на работното место да се опфатат со овој закон за кој е  надлежно Министерството за труд и социјална работа.

„За неисплатени плати сметам дека треба да имаме едно пошироко гледање во однос на постоечкиот закон и дека тука треба да бидат опфатени о додатоците на плата, бонус на плата којшто го прдвидува законот за работни односи како и сите други парични надосместоци кои произлегувата од работните односи“, истакна Мимоза Салтирова.