Археолозите пронајдоа неколку камени дупки во Велс кои ги следат контурите на круговите, кои веројатно ги содржеле столбовите на Стоунхенџ.
Станува збор за голем камен круг од неолитската ера и според легендата, волшебникот Мерлин ги носел луѓето во Ирска за да пренесат голем камен круг во спомен на починатите.
Ова ново откритие ни кажува дека можеби сè уште има одредена вистина во таа приказна.
„Го истражував Стоунхенџ веќе 20 години и ова е највозбудливото нешто што некогаш сме го откриле“, изјави Мајк Паркер Пирсон, од Универзитетскиот колеџ во Лондон за Гардијан.
Обемот на пронајдениот круг е 110 метри – идентичен со случајот со Стоунхенџ, а оддалечени се 225 километри. Научниците сега се прашуваат дали е навистина можно некој да носел камени споменици на толку далечина.
Бидејќи една од дупките одговара на еден од камењата од Стоунхенџ „како клуч за бравата“, како што рече еден од археолозите, навистина е можно Стоунхенџ да потекнува од Велс, а потоа некако да се пресели во Англија, односно во Вилтшир, каде е сега.
