Ако не се вакцинирате уште еден месец, од септември нема да можете да вршите одредени активности. Здравствените власти најавуваат рестриктивни мерки за лицата кои нема да се вакцинираат. Нема друг избор за да го заштитиме јавното здравје на граѓаните. Видовте какви рестрикции, како полициски час и други мерки, имавме минатата година, изјави министерот Филипче.
Доколку дојде до воведување забрани за невакцинираните граѓани, мерките ќе важат за сите, како за децата така и за возрасните, вели Филипче.
Инаку, како што соопштува МЗ, до вчера се аплицирани вкупно 862.426 дози вакцини, а се ревакцинирале 361.431 граѓанин.
