Овие чоколадни колачиња се најпознатите колачиња во светот.
Поврзани се со американската кујна.
Сигурно се сеќавате на епизодата каде Моника од серијата „Пријатели“се обидува да испече колачиња користејќи го „тајниот“ рецепт на бабата на Фиби.
Тоа всушност беше рецепт од задната страна на пакување со чоколадни мрвици.
Состојки
- 300 грама брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка сол
- 250 грама путер или маргарин кој стои на собна температура
- 150 шеќер
- 150 грама кафеав шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 јајца
- 250 грама кршено чоколадо
Подготовка:
- Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.
- Во помал сад измешајте ги брашното, сода бикарбоната и солта.
- Во друг сад ставете го омекнатиот путер, обичниот и кафеав шеќер и екстрактот од ванила. Се меша со миксер за да се добие кремаста смеса.
*Важно е да користите целосно омекнат путер, бидејќи така смесата ќе биде мазна, а ако е тврда ќе има зрнца кои не можете да ги искршите со миксер.
- Сега додадете ги јајцата во смесата со путер и шеќер. Повторно изблендирајте да се соедини.
- Сега малку по малку додадете го брашното измешано со сода бикарбона и солта. Оставете ги грутките да исчезнат, но не мора да мешате подолго од тоа.
- Повеќе не ви треба миксер. Сега земете дрвена лажица и измешајте ги капките чоколадо. Ова можете да го направите и со гумена шпатула, но внимавајте – смесата за колачиња е прилично густа и ако вашата шпатула е послаба, може да пукне.
- На голем плех од рерната ставете лист мрсна хартија. На мрсна хартија ставете топчиња со големина на ореви (или малку поголеми), доволни ќе бидат 9 парчиња по лист, мора да се распоредат.
Најдобро е бисквитите да се испечат во две или три серии, бидејќи за време на печењето ќе се шират многу, па не е паметно да се натрупуваат премногу за да не се залепат.
- Печете 9 до 11 минути во загреана рерна и извадете ги веднаш штом ќе почнат да бојат околу рабовите.
- Извадете ги, но не мрдајте ги од листот, бидејќи сега бисквитите се уште меки. Оставете ги да се изладат околу 5 минути, а потоа можете да ги префрлите во чинија или плех.
Најдобри се уште млаки со чаша млеко, мора да пробате. Чувајте ги во затворена кутија кога целосно ќе се изладат.
Оваа смеса може да се чува во фрижидер една недела
Не мора да ги испечете сите бисквити одеднаш. Смесата завиткајте ја во проѕирна фолија и чувајте ја во фрижидер. Извадете по малку, само печете по еден круг и вклучете ги Пријателите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
